loader image

NEWS

Второ издание на „Ohrid water festival“: Зголемен број настани и учесници и додадена вредност на туризмот

today22/08/2024 223

Background

Охрид до 31 август ќе живее со водените спортови и бројните едукативни и културно – забавни настани што ќе се одржат вои рамки на второто издание на „Ohrid water festival“.

Нашето езеро, со своите кристално чисти води и уникатни пејзажи од 23-ти до 31-ви август ќе прерасне во арена за 20 возбудливи спортски настани. Секој од нив ќе биде уникатно доживување кое ќе ги исполни очекувањата на публиката. Покрај сите традиционални натпревари и активности на вода, круна на целата манифестација и годинава ќе биде Охридскиот пливачки маратон кој ќе се одржува на 31-ви август, истакна на прес конференцијата што се одржа во „Куба Либре“, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Оваа година бројот на спортски настани, но и на учесници значително е зголемен, што само ја потврдува заложбата Охрид да добие модерен фестивалски концепт поврзан со нашиот заштитен знак – Охридското Езеро.

Основната цел кога го започнавме овој проект беше да ги заживееме позаборавените водени спортови кои отсекогаш биле белег на нашиот град. Преку фестивалот кој се одржува со поддршка на општината и Градоначалникот сите клубови учесници на фестивалот бележат раст и развој за што говори неколкукратното зголемување на бројот на учесници на спортските настани кои ќе се одржат на и покрај Охридското Езеро. Во најголем дел настаните се од меѓународен карактер, посочи Јоне Станкоски од организацискиот одбор на Фестивалот и раководител на спортскиот сектор во Општина Охрид.

Во деновите што следат охриѓани ќе имаат можност да проследат регати во веслање, едрење и кајак, трки во пливање, а оваа година Охрид е домаќин и на Балканскиот јуниорски куп со околу 200 учесници.

Ќе се одржат и суп трки, митинг во пливање, ватерполо, акватлон, а во едукативниот дел децата ќе учат да нуркаат и ќе се забавуваат низ бројните едукативни и културно забавни настани кои ќе се одвиваат на платото пред хотелот „Палас“. Целта е да се создаде атмосфера која ќе го привлече вниманието на секој посетител и ќе ги поттикне сите генерации да уживаат во оваа манифестација, истакнаа организаторите.

Учесниците и посетителите ќе ги забавуваат музички уиметници и диџеи меѓу кои Балтер и Емилија Колоска, Наум Петрески, Милован Секулоски и групата Сара, како и Суперхикс кои ќе настапат на затворањето на фестивалот. Посетителите ќе може да уживаат и во гастрономски специјалитети подготвени од Слоу фуд Охрид, изложби и едукативни содржини, истакна претседателот на фестивалот Никола Вретоски.

И организаторот и градоначалникот сметаат дека „Ohrid water festival“, освен спортски и културно – забавен аспект, несомненои има голем потенцијал и претставува додадена вредност на туризмот во Охрид.

Written by: admin

Rate it

Previous post

Organizer

ohrid

Patron

Grb_Opstina_Ohrid

General sponsor

T_logo_carrier_surface_rgb_n

Sponsors

sparkase-life
4waUL8l_W0uv4GgOt8RbMw-large
wbj-vVMY
karmen-latincia
17309534_10155681455169041_6956342448046492792_n