Црвен крст Охрид
Црвен крст Охрид
Во рамки на реализација на Ohrid Water Festival 2024, Црвен крст Охрид ќе организира мошне
необичен настан кој ќе се состои во:
– Презентација на тема НЕВЕРОЈАТНИТЕ МОЖНОСТИ НА ЧОВЕЧКИОТ ДУХ која ќе се одржи во просториите на Црвен крст Охрид на 26.08.2024 г. (понеделник) со почеток во 19 ч. На неа презентерот Јане Петков од Сандански, Бугарија ќе открие интересни техники за дишење и медитација пред неговите настапи. – На 27.08.2024 г. (вторник) човекот амфибија, седумдесетгодишниот Јане Петков, во многу сложени услови, врзан со лисици, ланци и катинари, потопен на езерското дно на Охридското езеро, во близина на Градското пристаниште во Охрид, ќе се обиде да се ослободи и излезе на површината на водата, по примерот на светски познатиот илузионист Harry Houdini. Ова ќе биде втор настан кој Црвен крст Охрид го организира со Јане Петков. Првиот, спортско-
медицински настан за Гинисов рекорд Црвен крст Охрид го организира на 10.09.2013 година, кога Јане Петков препливува растојание поголемо од 2 км., на Охридското езеро, од плажата Орце Николов до Градското пристаниште во Охрид, целосно врзан во вреќа. Јанко Петков е роден на 6 август 1954 година во Сандански, Пиринска Македонија. Натпреварувач на пливачкиот клуб Вихрен од 1960-тите. Добитник на многу медали од натпревари во Бугарија и Грција.
На почетокот на 1990-тите, тој постави уникатен рекорд за пливање 2.100 метри под вода за нешто повеќе од еден час, земајќи здив секој пат кога ќе го допре ѕидот. Оттука и неговото име „Човек амфибија“. Има рекорди за препливување на реката Дунав врзан во вреќа, подобрување на рекордот
на Индиецот Гопал-Карли во Охридското Езеро во 2017 година.
Црвен крст Охрид
Почеток | 26/08/2024 ч 19:00 |
---|---|
Крај | 27/08/2024 ч 22:00 |
Локација | Црвен крст Охрид |
Адреса | Црвен крст Охрид |
Copyright 2024 Ohrid Water Festival | Powered by DC Creative Solutions.