Ohrid Water Festival е симбол на неизмерната љубов кон нашето уникатно Охридско Езеро испреплетена со нашата голема желба за поголем развој и промоција на водените спортови.
Искрено се радувам и се гордеам што низ заедничка соработка успеавме започнеме една нова спортска приказна која ќе стане препознатлив белег на Охрид.
Очекувам првото издание на Ohrid Water Festival да донесе незаборавно натпреварувачко доживување за учесниците, да го привлече вниманието на публиката и да придонесе за унапредување на спортскиот туризам со кои располага нашиот регион.
Охрид е највредниот македонски бисер, кој е надалеку познат по својата убавина.
Никој не може да остане рамнодушен на недопрената природа и непроценливото културно богатство, кое е препознаено како светско наследство заштитено од УНЕСКО.
Драги учесници, како добри и гостољубиви домаќини ве покануваме вашиот престој тука да го искористите за уживање во вредните туристички знаменитости и да понесете незаборавни спомени.