Се наоѓа во југозападниот дел на Р. С. Македонија, на два рида благо поврзани и на дел од околното поле на брегот од Охридското Езеро, заокружен со високи планини:Петрино и Галичица од исток и Мокра и Јабланица од југ и запад. Надморската висина на Охридското Езеро изнесува 694 метри.
Во историска смисла, Охрид (античкото име му е Лихнидос) е “жив град “ две илјади и четиристотини години, со вткаени дострели на силната античка цивилизација. Градот Охрид е всушност културната историја на Р. С. Македонија “во мало”, како епископски центар во доцноантичките времиња, а подоцна (од раниот среден век навака) и преку надалеку прочуената Охридска Архиепископија низ вековите, градот ја претставува, исто така, целокупната црковна историја на Македонија, го носи епитетот Балкански Ерусалим.
Преку дејноста на Св. Климент Охридски и првиот Сесловенски универзитет во Европа овој град бил и најзначајната официјална престолнина на првата Македоско-словенска држава, поточно на таканареченото Самоилово Царство.
Охрид е и денес културен и духовен центар на Р. С. Македонија и конечно Охрид и Охридското Езеро се светско културно и природно богатсво под заштита на УНЕСКО од 1980 година.