OHRID WATER FESTIVAL / Фестивал на водени спортови Охрид е проект кој ги врзува водените спортови, охридското природно богатство и развојот на охридската заедница.
Нашата визија и мисија е преку реализацијата на проектот да успееме да ги обединиме сите охридски водени спортови и нивните активности во рамки на еден спортско – туристички БРЕНД со име Ohrid Water Festival.
Охрид и Р.С. Македонија заслужуваат конечно да добијат модерен и стратегиски проект поврзан со нашиот заштитен знак – Охридското езеро. Ohrid Water Festival и неговиот концепт како спортски фестивал е токму тоа што треба Охрид како спортско-туристички град да го понуди на пошироката домашна и интернационална туристичко-спортска јавност.
Потенцијалот на фестивалот е многу голем и ние сме убедени, со поддршка на нашите партнери, дека ќе успееме Охрид и Фестивалот да ги издигнеме на ниво на светски најпосетуваните и најбараните дестинации и спортско-туристички активност наменети за љубителите на водата, водените спортови и добрата забава.
Стратешкиот фокус кон езерото, заштитата на езерото, спортовите на вода, клубовите и здруженијата поврзани со водата и посебно спортските работници кои се секојдневно посветени на водата (езерото) се причина плус да се посветиме максимално во креирање на нова спортска традиција која охридскиот активен туризам и градот Охрид ќе го издигнат на европскиот пиедестал на спортско – туристички градови.
Ohrid Water Festival е нов и засега непознат концепт на спортски фестивал поврзан со водата и водените спортови и активности. Фестивалот ќе понуди многу активности за сите возрасти и сите љубители на водата и водените спортови, кои би биле поделени на спортски, социјално-едукативни и промотивни.
Фестивалот е замислен да трае неколку дена и за време на сите денови да понуди секојдневен микс на активности распространети во текот на целиот ден. Фестивалот се реализира во месец август. Предвидени се повеќе од 30 активности распределени во одредени денови во август. Главен спортски настан ќе биде традиционалниот пливачки маратон од Св. Наум до Охрид. За време на фестивалот покрај спортско-рекреативните активности се предвидени многу социјални активности, музика, едукација, промоции како и панел дискусија, изложби и презентација на здрава храна.
Дополнително сакаме да истакнеме дека сите спортови кои се дел од самиот фестивал се олимписки спортови и пред се еколошки спортови што особено ни дава тежина и пред се мотив максимално да се посветиме во реализацијата на самиот фестивал.










