
Јахтинг клуб ОЛС
today 25/08/2023my_location Градско пристаниште - Куба Либре - Канео
ПРОГРАМА
На “Ohrid water festival” Јахтинг клуб ОЛС Охрид,ќе организира настан ’’Запознај го едрењето,заштити го езерото’’
Настанот одржи на ден 25,08 и ќе се одвива во акваториумот на Охридскиот залив во потегот од Градско пристаниште кон Куба Либре и Канео.
Планирана е флотила од 5-6 едрилици на кои во две сесии од 09ч до 11ч и од 11ч до 13ч ќе можат да земат учество 50-60 заинтересирани гости и граѓани.
За време на едрењето,присутните ќе се информираат за важноста на едрењето за заштита на езерото и ќе добијат основна обука за едрење:
-како едрилиците го користат ветерот наместо гориво
-составни делови на едрилицата
-управување со едрилица
-подигање едра и подесување на едра
-едрење и промена на правецот на едрење
-ветровите на Охридско езеро
Целта е што поголем број на заинтересирани туристи и граѓани да се запознаат со едрењето и во иднина да се насочат во купување едрилица наспроти моторен пловен објект во насока на заштита на езерото.
Посредно и сите граѓани и туристи од копно ќе уживаат го глетката на езерото и ќе бидат мотивирани на некој начин да се вклучат во едрење.
Во функција на настанот ќе се направи “event” на Facebook преку кој ќе се информираат заинтересираните и ќе можат да се пријавуваат.
Информации:
Web: ohridlakesailing.com
E mail: [email protected]
Tel.075397280 Дарко
Градско пристаниште – Куба Либре – Канео
Почеток | 25/08/2023 ч 09:00 |
---|---|
Крај | 25/08/2023 ч 13:00 |
Локација | Градско пристаниште - Куба Либре - Канео |
Адреса | Градско пристаниште - Куба Либре - Канео |
Телефон | 075397280 |
Copyright 2023 Ohrid Water Festival | Powered by DC Creative Solutions.