loader image

Новости

Со Фестивал на водени спортови, Охрид ќе ги промовира спортовите на вода и туризмот и ќе ја подигнува свеста за заштита на животната средина

today09/08/2023 26

Background

Од 19 до 27 август во Охрид ќе се одржи првиот Фестивал на водени спортови „Ohrid water festival“, кој има за цел промоција на Охрид, спортовите на вода и заштита на животната средина.

 

Во рамки на спортскиот дел опфатени се 17 спортови, меѓу кои и Охридскиот пливачки маратон кој ќе се одржи на 26 август. Две третини од спортовите на фестивалот се олимписки дисциплини. Во рамки на фестивалот ќе се одржат и веслачка, кајакарска и едриличарска регата, трка со кајчиња, водени лудории, подводни активности, а преку изложби и социјални настани ќе бидат презентирани спортовите на вода, но и гастрономската и културната понуда на Охрид.

Долги години наназад слушавме и дебатиравме дека е потребна поголема промоција на водените спортови на Охридското Езеро и дека на Охрид му е потребна масовна манифестација која ќе придонесе за развојот на градот како интересна дестинација за спортски туризам, истакна на прес конференцијата градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Се работи за една нова спортска приказна која е симбол на неизмерната љубов кон нашето уникатно Охридско Езеро испреплетена со нашата голема желба за поголем развој и популаризација на водените спортови. Манифестацијата вклучува натпревари и активности на вода и има за цел да допре до најмладата популација и да им ги промовира сите позитивни аспекти на водените спортови и да придонесе за зголемување на интересот и свеста за здрав начин на живот. – рече Пецаков.

Во рамки на фестивалот на 23 август ќе се одржи панел дискусија на која покрај за спорот, ќе се говори за заштитата на животната средина и промоцијата на туризмот преку одржлив развој.

Програмата на фестивалот беше презентирана денеска на прес конференција, што се одржа во “Куба Либре” на која беше претставена и веб страницата на фестивалот: ohridwaterfestival.mk.

„Ohrid water festival“ завршува на 27 август со второт издание на акватлонот на Охридското Езеро.

Written by: admin

Рејтинг

Претходни објави

  • 86
close

labelНовости today08/08/2023

ДЕФИНИРАНИ ДЕТАЛИТЕ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРВОТО ИЗДАНИЕ НА OHRID WATER FESTIVAL

Дефинирани се сите детали и деновиве финишираат завршните подготовки околу организацијата на првото издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival, која ќе се одржува во Охрид од 19-ти до 27-ми [...]

Повеќе


Поврзани новости

Организатор

ohrid

Покровител

Grb_Opstina_Ohrid

Генерален спонзор

T_logo_carrier_surface_rgb_n

Спонзори

sparkase-life
4waUL8l_W0uv4GgOt8RbMw-large
wbj-vVMY
karmen-latincia
17309534_10155681455169041_6956342448046492792_n