
ПК„Охридски бранови 2008“
ПРОГРАМА 5KM
За одржување на пливачки маратон-македонски куп во далечинско пливање на патека во должина од 5 км.
Пливачкиот маратон ќе се одржи во водената површина на потегот од старото пристаниште до х.Милениум, а ќе се плива во правоаголник во должина од 1 км, што значи секој пливач за да ја заврши трката ќе треба да ја исплива патеката-правоаголник 5 пати.
Македонскио куп во далечинско пливање е во целосна организација на Клубот за спортови на вода Охридски Бранови 2008, а традиционално се очекува поддршка и помош од Националната Пливачка Федерација и Агенција за млади и спорт на РСМ и поктовителство и партнерство на настанот од страна на Макпетрол АД.
Согласно пропозициите на пливачките манифестации од овој тип, за регуларноста на настанот ќе се грижат соодветен број на судии.
За победниците во машка и женска конкуренција организаторот ќе додели победнички пехари и медаљи, а за првите тројца во машка и женска конкуренција се предвидени парични награди во соодветен износ.
ПРОГРАМА 10 KM
за одржување на Олимписки пливачки маратон на патека во должина од 10 км.
Пливачкиот маратон ќе се одржи во водената површина на потегот од старото пристаниште до х.Милениум, а ќе се плива во правоаголник во должина од 1 км, што значи секој пливач за да ја заврши трката ќе треба да ја исплива патеката-правоаголник 10 пати.
Олимпискиот пливачки маратон е во целосна организација на Клубот за спортови на вода Охридски Бранови 2008, а традиционално се очекува поддршка и помош од Националната Пливачка Федерација и Агенција за млади и спорт на РСМ и поктовителство и партнерство на настанот од страна на Макпетрол АД.
Согласно пропозициите на пливачките манифестации од овој тип, за регуларноста на настанот ќе се грижат соодветен број на судии.
За победниците во машка и женска конкуренција организаторот ќе додели победнички пехари и медаљи, а за првите тројца во машка и женска конкуренција се предвидени парични награди во соодветен износ.
Охрид – Охридско езеро
Почеток | 23/08/2023 ч 10:00 |
---|---|
Крај | 23/08/2023 ч 13:00 |
Локација | Охрид - Охридско езеро |
Адреса | Охрид - Охридско езеро |
Телефон | 070 352 410 |
Copyright 2023 Ohrid Water Festival | Powered by DC Creative Solutions.