loader image

Новости

ДЕФИНИРАНИ ДЕТАЛИТЕ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРВОТО ИЗДАНИЕ НА OHRID WATER FESTIVAL

today08/08/2023 88

Background

Дефинирани се сите детали и деновиве финишираат завршните подготовки околу организацијата на првото издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival, која ќе се одржува во Охрид од 19-ти до 27-ми август. 

На денешниот заеднички состанок, организациониот тим на фестивалот и одговорните во клубовите за водени спортови го информираа градоначалникот Кирил Пецаков за поважните аспекти на предвидените спортски настани, како и за сите пропратни социјално-забавни содржини.

Беше потенцирано дека за голем дел од спортските настани веќе се пријавени бројни екипи и натпреварувачи од неколку странски држави и дека се обезбедени сите логистички мерки за пријатен престој и безбедност на учесниците.  

Ohrid Water Festival се организира со целосна поддршка на Локалната самоуправа и неговата основна цел е популаризација на водените спортови на Охридското Езеро и промоција на уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во Република Македонија.

Комплетната фестивалска програма ќе биде објавена во текот на утрешниот ден на наменска прес конференција.

Written by: admin

Рејтинг

Претходни објави

  • 62
close

labelНовости today22/03/2023

ИНТЕНЗИВНИ ПОДГОТОВКИ НА ПРВОТО ИЗДАНИЕ НА OHRID WATER FESTIVAL

Интензивно се одвиваат активностите за подготовка на првото издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival, која ќе се одржува во Охрид од 18-ти до 27-ми август. На координативен состанок [...]

Повеќе


Поврзани новости

Организатор

ohrid

Покровител

Grb_Opstina_Ohrid

Генерален спонзор

T_logo_carrier_surface_rgb_n

Спонзори

sparkase-life
4waUL8l_W0uv4GgOt8RbMw-large
wbj-vVMY
karmen-latincia
17309534_10155681455169041_6956342448046492792_n