Атлетски клуб Охрид трчаТ е формиран во 2018 година и негова главна дејност како клуб е промоција на атлетиката, организација на спортски настани и развојот на свеста за практикување на здрави навики. АК Охрид трчаТ е организатор на неколку спортски манифестации и тоа, Охрид трчаТ, Охрид трчаТ Акватлон, Детска трка и Пештани екстрим вертикал. Исто така клубот има детска атлетика во која членуваат повеќе од 80 деца кои се дел од системот на натпревари при Атлетската федераација на Македонија.