Јахтинг клуб ОЛС е формиран 2022 година од група пасионирани едриличари кои изминатите години учествувале на многу регати во земјава како и во странство на “offshore” регати во,Хрватска,Грција..
Целта е љубовта кон езерото и стекнатото искуство да се пренесе на што повеќе луѓе.За таа цел во склоп на клубот работи и школа за едрење за восрасни од 17 до 77 год. бидејќи едрењето е дисциплина која не познава години.
Едрилиците се еколошки пловни објекти со “zero carbon foot print”,затоа едрењето не е хоби,тоа е начин на живот.Со користење на едрилици го заштитуваме езерото и ја пренесуваме пораката за важноста за зголемување на бројот на едрици на езерото наспроти моторните пловила.