Клубот за спортско едрење „Охрид Меч Рејс” е формиран во 2019 година, со основна цел – промоција и развој на едрењето како спортска дисциплина, преку организација на школи за едрење и натпреварувања во различни дисциплини кои ќе го привлечат интересот на локалната заедница. Клубот располага со две седумметарски едрилици од класата „H22 – One Design” кои ги едри посада од пет лица.