
АМФОРА е единствениот меѓународно лиценциран нуркачки центар во Македонија кој ги следи програмата и стандардите на Scuba Schools International. Нашиот тим од квалификувани професионални инструктори ќе ве научи како да нуркате на едноставен и интересен начин. Целата опрема за нуркање што се користи е направена од познати производители кои ви обезбедуваат удобност и безбедност.
Се наоѓаме во Музејот на вода во Заливот на коските, на околу 15 километри од центарот на градот.