
Меч Рејс Клуб
Здружение за спортско едрење Меч Рејс Клуб од Охрид.
2.1. За оваа регата ќе важат следните регулативи:
2.1.1. Регатните правила од “Racing Rules of Sailing”.
2.1.2. Законските и подзаконски акти од Законот за внатрешна пловидба.
2.1.3. Правилата од овој распис и Инструкциите за едрење.
2.2. Промените во регатните правила ќе бидат објавени на Огласна Табла, два часа пред почетокот на регатата и во официјална Вибер Група за време на регатата.
2.3. Ќе биде формирана тричлена национална судиска комисија.
Регатата ќе се одржи на Охридско Езеро.
Регатата нема да аплицира за категоризација согласно стандардите на World Sailing.
(а) „Race office” ќе биде отворен на 20.08.2023 во 10:00 часот пред х. Палас;
(б) Регистрација и мерење на тимови на 20.08.2023 од 11:00 до 18:00 часот;
(в) Прв состанок на скиперите со Регатниот одбор и судиите на 20.08.2023 во 19:00 часот;
(г) Натпреварувачки ден ќе биде 21.08.2023;
(д) Стартот на регатата не може да биде означен пред 10:30 и подоцна од 19:00 часот;
(ѓ) Временското ограничување за завршување на регатата е 24 часа;
(е) Прес конференција за медиуми во времетраење од максимум 30 минути после завршување на настанот;
(ж) Доделување на награди на 22.08.2023 година, во 20:00 часот.
Присуството на следниве настани е задолжително:
(а) Првичен состанок со Регатен одбор и судии, за скипери.
(б) Прес-конференции за настанот после завршување на регатата, за скипери.
(в) Доделување на награди, за сите натпреварувачи.
6.1. Предуслов за учество на регатата е минимална должина на трупот на едрилица од 6.5 метри.
6.2. Едрилицата треба да има минимум Ц-безбедносна категорија.
6.3. Ќе се формираат 2 (две) натпреварувачки класи:
а) Едрилици со подвижни кобилици
б) Едрилици со фиксни кобилици.
6.4. Судиската комисија може да направи прераспределба од една во друга класа, согласно однапред одредени критериуми, одобрени од Регатниот Одбор и не подоцна од 3 дена пред одржување на регатата.
6.5. Минимален број на едрилици во една класа е 2 (две).
6.5. Доколку се пријават 4 (четири) или повеќе едрилици од една иста класа, истата се категоризира како дополнителна под-класа во една од двете натпреварувачки класи.
7.1. Само скиперите кои ќе бидат поканети од страна на Органзаторот ќе имаат можност да учествуваат на регатата.
7.2. Скиперите кои ги исполнуваат сите условите ќе бидат поканети да учествуваат на регатата.
5.2 Секоја едрилица во текот на регатата мора да биде управувана од страна на регистрираниот скипер, освен во специфични случаи.
5.3 Скиперите кои ќе добијат покана за учество, треба да го потврдат истото во пишана форма на e-mail: m[email protected], заклучно со датумот наведен во поканата.
6.1 Услови
(а) Сите скипери мора да бидат членови на едриличарски клуб и да имаат доставено соодветно пополнета документација.
(б) Посадите мора да достават согласност за настап од страна на својот матичен клуб.
(в) Секоја едрилица мора да поседува важечка осигурителна полиса за направена штета на 3-та страна.
6.2 Котизација
(а) Не е предвидена котизација за учество.
(б) Организаторот може да донесе дополнителна одлука за котизација до 6.000 мкд, но не подоцна од една седмица пред одржување на регатата.
6.3 Откажување на настап
Скиперите може да го откажат својот настап, но не подоцна од три дена пред одржување на регатата, со писмено известување до Организаторот.
9.1. Минималниот екипаж е 3 лица, вклучувајќи го скиперот, а минималната возраст за учесниците е 14 години.
9.2. Во случај регистрираниот скипер да не е во можност да го продолжи своето учество во регатата, Организаторот по претходно добиено известување може да одобри негова замена со член од посадата.
10.1. Регатното поле ќе биде поставено во правец Охрид – Св. Наум – Струга – Охрид.
10.2. Можни се измени на регатното поле, а истите ќе бидат наведени во Инструкциите за едрење и на Огласна табла.
11.1. Секоја едрилица мора да има број на едро и истиот да е пријавен во пријавата.
11.2. Секоја едрилица мора да го носи знаменцето во соодветна боја, во зависност од класата.
11.3. Почетните броеви доделени при регистрација на учесниците мора да бидат залепени на двете страни од прамецот, на јасно видливо место.
11.4. Чамците се должни да прикажуваат реклами обезбедени од организаторот.
12.1. Секој натпреварувач е самостојно одговорен за загрозување на безбедноста на едрилицата и екипажот.
12.2. Судиската комисја или соодветните јавни институции за контрола на внатрешната пловидба имаат право да ја проверуваат безбедносната опрема на бродот и екипажот во секое време. Прекршувањето на безбедносните прописи ќе резултира со протест против чамецот кој ги прекршува.
12.3. Задолжително е носење на појаси за спасување во текот на целата регата.
12.4. Осветлувањето на едрилиците и пратечките чамци мора да биде во согласност со Законската регулатива.
12.5. Поседување лична опрема со рефлектирачки ефекти е задолжителна.
12.6. Секој натпреварувач има обврска да пријави едрилица без потребните светла до Судсиската комисија.
12.7. Во случај на ноќна пловидба, едрилиците чии пропишани светла откажуваат мора веднаш да се откажат од трката и да се упатат до најблиското пристаниште.
12.8. Организаторот ќе обезбеди соодветен број на брзи чамци за поддршка.
13.1. Рангирање по класи и под-класи врз основа на времето на комплетирање на регатното поле.
13.2. Можни се корекции на времето, врз основа на прифатени протести против натпреварувачот.
13.3. Ќе бидат доделени медаљи на сите натпреварувачи за освоено прво, второ трето место и пехар за скиперот – победник.
13.4. Може да бидат доделени и награди обезбедени од страна на спонзорите.
14.1. На барање на Организаторот, можно е вклучување на лице задолжено за сликање и видео тонско снимање на секој брод за време на трка.
14.2. Организаторот има право да постави аудио и видео опрема на секоја едрилица.
14.3. Организаторот има право да ги користи сликите и видеата заедно со тонските записи без никаков надоместок.
15.1. Дозволено користење на тренерски чамци.
15.2. Тренерските чамци треба да се пријават кај Организаторот.
Сите учесници на настанот го прават тоа на свој ризик. Организаторот не превзема никаква одговорност за можните последици, од било каква природа.
Доколку сте заинтересирани ве молиме да поднесете пополнето Барање за учество на e-
mail: matchrac[email protected], најдоцна до 05.08.2023 до 18:00 часот. Право на
учество ќе имаат само скиперите кои ќе бидат поканети од страна на Организаторот.
Охридско Езеро
Почеток | 21/08/2023 ч 06:00 |
---|---|
Крај | 22/08/2023 ч 19:00 |
Локација | Охридско Езеро |
Адреса | Охридско Езеро |
Телефон | +389 78 269 041 |
Copyright 2023 Ohrid Water Festival | Powered by DC Creative Solutions.