loader image

Акватлон

today 25/08/2024my_locationПлажа КЈ Дивоно, патека Студенчишта


Background
Галерија

Што е Акватлон?

Акватлон е мултиспортска трка која се состои од елементи на континуирано трчање и пливање. Откако натпреварувачите ќе завршат со пливање веднаш потоа следи трчање. Спортистите се натпреваруваат за најбрзо целокупно завршување на рутата, вклучувајќи го и времето на транзиција помеѓу дисциплините.


Програма

Категории по генерации

КатегорииГодина на раѓање
Сениори/ки2003 год. и постари
Јуниори/ки2004 год. – 2007 год.
Кадети/ки2008 год. – 2010 год.
Деца 22011 год. – 2013 год.
Деца 12014 год. и помлади
Мастерс 11983 год. – 1993 год.
Мастерс 21972 год. – 1982 год.
Мастерс 31971 год. и постари

Дистанци

КатегоријаПливањеТрчање
Сениори/ки1 км5 км
Јуниори/ки
Кадети/ки
Мастерс
500 метри3 км
 Деца 2200 метри1.5 км
Деца 1100 метри750 метри

Издавање на стартни пакети

Стартен пакет – чип (се издава при регистрација на трката во недела), подарок од организаторот, обичен ранец, подарок од спонзори, осигурување и Dry Fit маица доколку сте ја избрале таа опција. Издавањето на стартниот пакет ќе биде во Недела на 24.08.2023 од 10:00 – 20:00 часот на плажата К’Ј Дивоно (мапа). Истиот ден од 17:00 – 18:00 часот на плажата К’Ј Дивоно ќе бидеме достапни за сите оние кои имаат потреба од дополнително објаснување за патеката и секако да одговориме на прашања кои би ги имале во врска со трките, мапите и се останато.

Напомена: Оганизаторот го задржува правото да го менува стартниот пакет.

Пливање

Пливањето се одвива на плажата КЈ Дивоно и таа е поставена како триаголник. Стартот е пред самата плажа и е од вода. Мапа за патеката е во изработка и ќе ја објавиме штом е готова.

Трчање

Трчањето се одвива на патеката Студенчишта до нејзината крајна точка во близина на мостот кај каналот Студенчишта. Мапата за патеката за трчање е во изработка и ќе ја објавиме штом биде готова.

Котизација

  • Мастерс, Сениори, Јуниори и Кадети – 900 ден.
  • Деца 2 – 600 ден.
  • Деца 1 – 300 ден.

Бодување

Трката е официјално Државно првенство во Акватлон.

Технички правила

Учесниците се должни да ги почитуваат правилата на ИТУ и ТФСМ и учеството на трката е на сопствена одговорност и сите настанати последици се на сопствена одговорност на натпреварувачите.

Организација по време, 25 Aвгуст (Недела)

Пријавување:
07:00h – 08:00h

Саатница по трки:
Саатницата дополнително ќе се објави и таа зависи од вкупниот број на учесници по категории.

Напомена: Доколку вкупниот број на учесници го надмине предвидениот за 2024 година по категории, организаторот го задржува правото да дел од трките ги премести за 24 Август, Сабота, за што сите учесници ќе бидат благовремено известени.

Транзиција

Транзицијата ќе биде на бетонската подлога одма после излегувањето од вода и таа ќе биде поставена од двете страни со соодветна маркација на броеви.

Освежителни станици

На патеката за трчање ќе има две освежителни станици на кои ќе има вода, електролити и овошје.

Старт/финиш зона

Мапата е во изработка за старт/финиш зоната и за патеката на трчањето.

Награди

Секој учесник кој ќе ја заврши трката ќе добие медал/финишер додека сите првопласирани натпреварувачи ќе добијат медал и диплома.


Локација

Плажа КЈ Дивоно, патека Студенчишта


Социјални мрежи
FACEBOOK Instagram Web

Пријатели на настанот
Детали
Почеток 25/08/2024 ч 08:00
Крај 25/08/2024 ч 14:00
Локација Плажа КЈ Дивоно, патека Студенчишта
Адреса Плажа КЈ Дивоно, патека Студенчишта
Телефон 078 440 139
Рејтинг

Организатор

ohrid

Покровител

Grb_Opstina_Ohrid

Генерален спонзор

T_logo_carrier_surface_rgb_n

Спонзори

sparkase-life
4waUL8l_W0uv4GgOt8RbMw-large
wbj-vVMY
karmen-latincia
17309534_10155681455169041_6956342448046492792_n