
Триатлонот 3Дисциплини Струга
Пливачкиот сегмент ќе биде во езерото на обележана патека а исто и велосипедскиот и делот за трчање ќе бидат на претходно обележани патеки на крајбрежјето. Имаме категории за сите возрасти и нивоа на подготвеност.Стартот и целта ќе бидат на старото-ново место Меѓународниот Универзитет Струга (International university of Struga).
Мапи и подетални информации ќе следат наскоро.
Kaтегории:
– Сениори (2003 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
– Јуниори (2007-2004) 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
– Кадети (2010-2008) 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање.
– Деца 2 (2013-2011) 175м пливање, 4км велосипед, 1км трчање;
– Деца 1 (2014 и помлади): 75м пливање, 2км велосипед, 500м трчање;
– Мастерс 1 (1993-1984) 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
– Мастерс 2 (1983-1974) 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
– Мастерс 3 (1973 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
Трки и котизации:
Спринт Триатлон: 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање – Категории:
Сениори, Јуниори, Мастерс – Цена 900 ден (15 Euro)
– Кадетски Триатлон: 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање – Категории:
Кадети – Цена 600 ден (10 Euro)
– Детски Триатлон: 175м пливање, 4км велосипед, 1км трчање – Категории: Деца 2
– Цена 300 ден (5 Euro)
– Детски Триатлон: 75м пливање, 2км велосипед, 500м трчање – Категории: Деца 1
– Цена 0 ден (0 Euro)
ВАЖНО ЗА СИТЕ НАТПРЕВАРУВАЧИ: ТЕХНИЧКИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО
Учесниците се должни да ги почитуваат правилата на ИТУ и ТФСМ.
Учеството на трката е на сопствена одговорност и сите настанати последици се на сопствена одговорност на натпреварувачите.
Важни информации:
Од оваа година како нови правилa важат:
Забрана за користење на аеро барови на гиданот на сите трки во кои ТФСМ е организатор или техничка подршка.
Објаснување за правилото за казни: Доколку натпреварувачот добие казна и истата ја отслужи кај судијата во делот за казни, нема право да ја обжали изречената казана ни со паушал од 50 евра во денарска против вредност. Доколку натпреварувачот не ја одржи поставената казна има право да ја обжали одлуката на главнот судија и со паушал од 50 евра во денарска против вредност за да се разгледа неговата жалба. Доколку судиската комисија е во право, натпреварувачот е дискавлификуван и финансиите одат кај организаторот. Доколку натпреварувачот е во право му се враќа паушалот и добива финално време со пласман во својата категорија. Најстрого ке се казнува секоја вербална комуникација со техничките лица, како од натпреварувачите така и од тренерите, родителите и останатите лица.
Посебно ќе се обраќа внимание на етичкото и спортско однесување на сите спортисти во сите категории, како и однесувањето на родителите и тренерите
Струга
Почеток | 20/08/2023 ч 09:00 |
---|---|
Крај | 20/08/2023 ч 13:00 |
Локација | Струга |
Адреса | Струга |
Телефон | +38971390959 |
Copyright 2023 Ohrid Water Festival | Powered by DC Creative Solutions.